Пиоли од Милан се сели во Наполи?

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дека веќе има нов клуб.
Имено, Пиоли постигнал договор со Наполи за тригодишна соработка и наскоро ќе стави потпис на договорот.
Пиоли има договор со Милан до јуни 2025 година, но двете страни спогодбено ќе се разделат на крајот на сезоната.
Наполи е во потрага по нов тренер и со оглед на фактот што не може да постигне договор со Конте се насочиле кон Стефано Пиоли и двете страни брзо постигнале договор.