Пиоли пред отказ, Милан веќе бара нов тренер

Раководството на Милан беше многу луто поради нерешениот резултат на тимот во натпреварот од 17. коло од италијанскиот шампионат со Салернитана (2-2) и во наредните часови ќе одлучува за судбината на Стефано Пиоли како главен тренер на Росонерите. Ова го објави новинарката Даниеле Лонго на социјалната мрежа Икс.

По 17 кола во италијанската Серија А, тимот на Пиоли освои 33 бода и моментално го зазема третото место. Милан заостанува осум бода зад првопласираниот Интер. Во последните пет натпревари од италијанското првенство, Милан оствари три победи, еднаш ремизираше и еднаш загуби.

Да потсетиме дека Пиоли го презеде тимот на Милан во октомври 2019 година. Во сезоната 2021/22 Милан ја освои титулата шампион на Италија.