Пиоли ризикува отказ ако Милан остане без Европа
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, може да добие отказ доколку клубот испадне од Лигата на шампионите.
„Росонерите“ по пет кола од групната фаза се наоѓаат на последното место на табелата со само пет бодови. Пред нив се а ПСЖ, Борусија Дортмунд и Њукасл.
Миланезите во последното коло ќе гостуваат кај Њукасл. Доколку екипата од Милано не влезе во елиминациите, ќе загуби најмалку 160 милиони евра.