Пирло доби засилување пред реваншот со Порто

Фудбалерот на Јувентус, Артур Мело ќе конкурира за тимот на утрешниот реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто. Оваа информација ја пренесуваат голем број на блиски извори до клубот, а се очекува да ја потврди и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло воочи натпреварот против португалскиот клуб. Јувентус пред нешто помалку од три недели беше поразен на „Драгао“ со 2:1 и ќе брка заостаток од еден погодок, а во отсуство на Родриго Бентанкур, враќањето на поранешниот играч за врска на Барселона ќе значи и опција повеќе за Пирло. Артур не беше на теренот повеќе од еден месец, кога против Рома доживеа повреда на ногата. Оваа сезона одигра 23 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден погодок. Реванш дуелот помеѓу Јувентус и Порто е со почеток од 21. часот, а најдобрата понуда за овој меч можете да ја најдете на www.evrotip.mk.