Пирло: Нема да ја променам мојата тренерска филозофија
Андреа Пирло не се прослави во својата прва задача како тренер и тоа во Јувентус, клубот во кој мина убави години како играч.
Пирло ненадејно доби шанса да биде предводник на првиот тим, предизвик кој го прифати, меѓутоа резултатите, играта на „бјанконерите“ не беа на посакувано ниво и најдобар доказ за тоа е што клубот едвај успеа да заврши во Топ 4 и да обезбеди место во ЛШ, додека пак во елитното натпреварување беше елиминиран од Порто во осминафиналето.
Поради сето ова тој заработи отказ од „бјанконерите“, ама без разлика на се тој нема намера во иднина да ја менува својата тренерска филозофија.
„Нема да ja променам затоа што само некои од резултатите не беа добри. Се уште мислам така за играта – да играм од позади, да се задржи топката и веднаш да се освои истата кога е потребно. Многу зависи од играчите што ви се достапни и од тоа што тие ви овозможуваат да го направите. Играчите се многу поважни од тренерите. Тренерите треба да се прилагодат“, заврши Пирло.