Пливачот Поп Ацев е спортист на Скопје за 2025 година

Сојузот на спортови на Скопје денес ги врачи традионалните 13-то ноемвриски награди во разни категории. Еве ги добитниците:

Спортист: Евгеј Поп Ацев –Пливање
Тренер: Кире Лазаров – РК Алкалоид
Екипа : Ракометен Клуб Алкалоид
Спортски работник за животно дело: Кирил Михаилов – Фоторепортер, организатор на автомобилистички трки, Божурка Ѓошевска – атлетика, Јордан Тасевски – Стрелаштво, Горан Мицкоски како стручен соработник во Џудо Федерацијата.

Спортски новинар Владимир Булатовиќ- портал „ЕКИПА“.
Професори: Александар Аргироски, професор по физичко образование, спорт и здравје во ООУ Петар Поп Арсов од Скопје и Проф. Ана Јакимовска Стричевиќ ДУФК М.М. Брицо – Скопје