Победа – Вардар најинтересен пар од првото коло на Купот на Македонија
Денес беа формирани двојките за првото елиминациско коло во фудбалскиот Куп на нашава земја. Последните финалисти, Силекс и Академија Пандев, ќе ја скокнат воведната рунда и ќе се вклучат од втората рунда.
Еве ги комплетните двојки за првото коло.
Детонит – Македонија ЃП
Победа – Вардар
Кит-Го – Шкендија
Беса – Скопје
Локомотива – Охрид
Љуботен – Пелистер
Гостивар – Ренова
Кораб – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци – Тиквеш
Саса – Струга ТЉ
Воска Спорт – Брегалница
Велешта – Шкупи
Мечевите ќе бидат одиграни на 15 септември. Доколку нема победник во регуларниот дел, веднаш ќе бидат изведувани пенали.