Победа за Вардар, порази за Силекс и Работнички во Конференциската лига

Со победа од 3-0 над екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, Вардар со една нога зачекори кон второто коло од квалификациите во Конференциската лига. Вечерва во Скопје, „црвено-црните“ одиграа две различни полувремиња, но на крајот ја израдуваа неколкуилјадната публика на Националната арена.
По оние 0:0 во првото полувреме, на стартот на вториот дел Азар Омерагиќ го отвори резултатот за водство на освојувачот на Купот на Македонија. Со автоголот на Мацоти во 66. минута Вардар поведе со 2-0, а конечните 3-0 ги постави Мато со гол во 68. минута. Вардар можеше да постигне и уште некој гол, со оглед на тоа што упати дури 20 шута кон противничкиот гол.
Останатите наши преставници во квалификациите за КЛ не се прославија. Силекс беше поразен од Дечиќ со 2-0 на гости во Црна Гора, а Работнички се враќа со убедлив пораз од 3-0 на мечот со Торпедо одигран во Унгарија.