Повеќе од 1.700 навивачи на Ливерпул ќе ја тужат УЕФА
Над 1.700 навивачи на Ливерпул покренале тужба против УЕФА поради хаосот на овогодинешното финале во Лигата на шампионите во кое англискиот клуб во Париз беше поразен од Реал Мадрид со 1:0.
Финалето на стадионот во Сент Дени доцнеше 35 минути поради фактот што голем број на навивачи на Ливерпул не можеа да влезат на стадионот со купените влезници.
Фановите на тимот од Енфилд бараат од УЕФА одштета поради психичките и физичките повреди кои ги доживеаја како резултат на негрижата и пропустите од организаторот.