Повредата на Бензема не е од сериозна природа

Најдобриот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Карим Бензема, е сигурен дека повредата што ја заработи на натпреварот против Елче, не е сериозна.
Францускиот репрезентативец поради повреда на мускулот, беше заменет во 58.минута од средбата, во која при резултат 0:0 тој не успеа да реализира пенал за Реал Мадрид.
Меѓутоа Бензема во изјава за медиумите по крајот на средбата, искажа оптимистичко мислење дека повредата не е сериозна и дека тој ќе има доволно време да ја санира истата. Во полза му оди и фактот дека следува кратка зимска пауза во шпанската Ла Лига по што следува куп средбата со Атлетико Билбао на 3.февруари.