Повредата на Де Брујне е сериозна, дали за него заврши Европското првенство?

Еден Азар и Кевин Де Брујне се повредија на вчерашниот меч со Португалија на Европското првенство и засега нема информација колку ќе отсуствуваат од фдубалските терени.  Особено е сериозна состојбата со скочниот зглоб на фудбалерот на Манчестер Сити, чии шанси за понатамошен настап на ЕП се минимални.

„Веројатно ќе ни требаат 48 часа за да констатираме за каква повреда станува збор и кај Кевин и кај Еден“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. „Како што е моментно глуждот на Кевин Де Брујне, изгледа лошо. Ќе видиме. Во овој момент не сме добиле никаква медицинска дијагноза од медицинскиот оддел“, изјави селекторот на „црвените ѓаволи“.