Повредата на Ембид е сериозна, заврши сезоната за центарот

Серијата на лоши вести за НБА тимот на Филаделфија продолжи со веста дека Џоел Ембид е загубен до крајот на натпреварувачката 2024/2025 година.
Ембид во повеќе наврати истакнуваше дека има проблеми и не може да биде свој, па токму проблемот со левото колено донесе предвремен крај на кампањата.
Клубот информираше дека Камерунецот со американски пасош сега ќе се фокусира на третманот и закрепкувањето, односно заедно со лекарите ќе се дојде до најдоброто решение за да Ембид може во иднина без проблеми да го дава најдоброто од себе на терените.
Тој ја завршува оваа година со скромни за него 23,8 поени, 8,2 скока и 4,5 асистенции по натпревар.