Повредата на Кер не е наизвна, виси неговиот настап во вториот меч со Минесота

Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, потврди дека Стеф Кари има истегнување на тетивата.

„Неговата состојба ќе се проценува секојдневно. Ќе направи магнетна резонанца. Разговарав со него за време на паузата, тој беше, секако, депресивен. Момчињата го презедоа неговиот товар и го добија натпреварот.

Сите сме загрижени за Стеф но, тоа е дел од играта. Момците успеаја одлично да ја завршат работата“, рече главниот тренер на Голден Стејт по победата кај Минесота.