Повредата на Рафиња не е сериозна
Напаѓачот на Лидс, Рафиња, откри дека повредата што ја заработи при ремито од 1-1 со Вулверхемптон не е од сериозна природа.
Бразилецот беше принуден куцајќи да го напушти теренот на „Еланд Роуд“ по дуелот со дефанзивецот на „волците“ Ромен Саис на почетокот од второто полувреме, а навивачите се плашеа од најлошото кога Рафиња се врати на клупата за резервни играчи со помош на патерици.
Рафиња подоцна ги смири своите фанови преку објава на Инстаграм во која напиша „Здраво луѓе, само сакам да ве уверам дека сум добро. Не беше сериозно и ќе се вратам наскоро. Ви благодарам на пораките“.