Повредата на Сака ќе го држи надвор од терените најмалку 3 недели

Играчот на Арсенал, Букао Сака, разочаран

Арсенал мораше да се соочи со еден од најголемите предизвици во сезоната без својот клучен играч. Букајо Сака беше големото отсуство во составот на „Топчиите“ на синоќешното дерби против Челси. Иако првичните најави од Микел Артета беа оптимистични, мускулната повреда која крилниот напаѓач ја доби на претходниот дуел со Лидс, се покажа како голема пречка.

Најновите лекарски прегледи донесоа појасна, но не толку поволна слика за навивачите на лондонскиот клуб. Се очекува Сака да биде надвор од терените во следните три недели. Медицинскиот тим на Арсенал веќе започна со посебен третман на рехабилитација, а целта е тој да биде целосно подготвен за големото дерби на Северен Лондон против Тотенхем, закажано за 22 февруари.

Отсуството на Сака доаѓа во критичен момент, со оглед на тоа што Артета веќе се соочува со отсуствата на Одегард и Мерино. Статистиката покажува дека офанзивната моќ на тимот значително опаѓа кога младиот Англичанец не е во составот, но менаџерот на Арсенал е одлучен дека нема да брза со неговото враќање: „Мораме да го почитуваме процесот на закрепнување“, изјави Артета, нагласувајќи дека здравјето на играчот е приоритет пред важниот финиш на сезоната.