Повредата на Јамал не е наивна, дали заврши сезоната за Шпанецот?

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се повреди синоќа во победата на Барселона од 1-0 дома над Селта Виго во 33. коло од шпанската Примера.
Осумнаесетгодишниот Шпанец заработи пенал кон крајот на првото полувреме и самиот го реализираше. По пеналот, Јамал лежеше на теренот држејќи се за ногата. Потоа го напушти теренот и беше заменет.
„ESPN“, повикувајќи се на извори, објавува дека прелиминарната дијагноза укажува на кинење на тетивата. Тежината на кинењето и времетраењето на отсуството на Јамал ќе бидат потврдени во текот на денешниот ден.
Доколку дијагнозата се потврди, Јамал би можел да го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 на Барселона.
Претходно, новинарот Феран Мартинез објави на социјалните медиуми дека на Јамал му е дијагностицирано истегнување на тетивата.
Во сезоната 2025/26, Јамал постигна 24 гола и имаше 18 асистенции во 45 натпревари.