Повредениот Лесор доби нов договор со Панатинаикос
Матијас Лесор го продолжи договорот со Панатинаикос. Францускиот репрезентативец ќе го носи зелениот дрес до 2028 година.
Газдата на клубот Димитрис Јанакопулос на својот Инстаграм профил сподели фотографија со повредениот француски центар.
Договорот на Лесор со европскиот шампион истекуваше на крајот од актуелната сезона, а на големо се зборуваше дека тој од грчката престолнина може да се пресели во НБА.
Сепак, сега е јасно дека францускиот кошаркар уште долго ќе го носи дресот на „зелените“.
Лесор според некои информации ќе заработува 2,3 милиони евра годишно, што е значително подобра плата од оваа што ја има во моментов.
Французинот ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци поради неодамнешна повреда. Пред да пристигне во Панатинаикос, Лесор играше за Партизан, Макаби, Монако, Црвена звезда…