Повредениот Марк Бернал доби нов договор во Барса
Maрк Бернал играше одлично под водство на Ханси Флик во Барселона, но 17-годишникот немаше среќа и пред еден месец заработи тешка повреда поради која ќе паузира до крајот на сезоната.
Младиот дефанзивен играч за врска ова лето беше приклучен на сениорскиот тим и ги стартуваше првите три натпревари од сезоната во кои Барселона забележуваше победа. Кон крајот на август Бернал се повреди ви дуелот со Рајо Ваљекано.
Бернал ги скина лигаментите на левото колено и го чека пауза од околу девет месеци и најрано би можел да настапи во некој од последните натпревари во сезоната, сепак и тоа е малку веројатно.
Сепак, Барселона покажала дека не ја изгубила довербата во него и му дала нов договор со важност до 2029 година и откупна клазула од дури 500 милиони евра, објави Фабрицио Романо.