Повторно неизвесен нов договор на Салах со Ливерпул
Англискиот весник Телеграф пренесува дека сопствениците на Ливерпул не планираат да ги исполнат високите финансиски барања на својата ѕвезда Мохамед Салах за негов потпис на нов договор.
Според пишувањата во медиумот, агентите на Салах не отстапуваат од пониска неделна плата со износ од 400 илјади фунти, а од раководството на Ливерпул немаат намера да трошат толкав износ за плата на само еден играч во овие тешки финансиски моменти и затоа е можно одложување на преговорите.
Ако се случи ова сценарио и не дојде до договор помеѓу двете страни тогаш е огромна можноста Салах да го напушти клубот ова лето и да се пресели во некој друг европски гигант.