Погба ги започнува преговорите со Јувентус
Медиумите во Италија тврдат дека, челниците на Јуветус овој понеделник ќе се сретнат со менаџерите на Пол Погба, и ќе започнат официјани преговори за доведувањето на Французинот во Торино.
Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед истекува на 1 јули, и според информациите Јувентус ќе му понудат на Погба 7 милиони евра по сезона, што ќе претставува видно намалување од неговите досегашни парични примања во Јунајтед. Да потсетиме дека Погба беше дел од екипата на Јувентус од 2012 до 2016 година.
Освен Јувентус, како заинтересирани клубови за доведување на Погба уште се споменуваат ПСЖ и Реал Мадрид.