Погба заплови во актерските води
Францускиот фудбалер Пол Погба стана актер, пренесува денеска весникот Паризиен.
Според истиот извор, играчот од средниот ред бил дел од актерската екипа во комедијата „4 нули“. Погба во филмот глуми човек кој тренира млади фудбалери.
Премиерата на филмот е закажана за на пролет 2025 година. Поранешниот француски репрезентативец во февруари оваа година доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради кршење на антидопинг правилата.
Погба е четирикратен шампион на Италија, два пати освојувач на Купот на Италија и освојувач на Лига Европа, а со Франција ја освои титулата светски првак.