Погба започна да тренира со Монако

Пол Погба повторно тренира со тимот на Монако и тоа за првпат откако пристигна во клубот.
Францускиот фудбалер учествуваше на колективниот тренинг, што беше потврдено и од тренерот Себастиен Покоњоли.
„Во понеделник Пол тренираше со тимот за првпат откако јас пристигнав. Беше насмеан, уживаше и комуницираше со останатите играчи. Тоа е првиот чекор. Можеби ќе треба неколку дена, две или три недели, па потоа ќе можеме да работиме на неговата форма и континуитет. Многу сум среќен што повторно го гледам на терен“, изјави Покоњоли.
Погба веќе подолго време е надвор од терените, а неговото враќање се смета за голем плус за Монако.
Французинот беше суспендиран поради допинг, поради тоа замина од Јувентус и беше без клуб, а сега се обидува да фати форма за пак да заигра сериозен фудбал.