Погба на „ладење“ на следните три натпревари

Пол Погба доби суспензија од три натпревари поради исклучувањето во 9. коло од англиската Премиер лига против Ливерпул.

Така, Погба нема да може да учествува на натпреварите од Премиерлигата против Тотенхем, Манчестер Сити и Ватфорд. Во 59. минута од средбата, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба направи прекршок , а откако судијата Ентони Тејлор ја погледна снимката одлучи да го исклучи францускиот играч за врска.

Погба за Манчестер Јунајтед игра од 2016 година. Договорот на играчот со клубот е со важност до 2022 година.