Погба отстранет од првиот тим на Јувентус
Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо, ја пренесе веста дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го отстранил Пол Погба од првиот тим, откако францускиот фудбалер ги прекршил дисциплинските правила.
Погба наводно задоцнил на тренингот на Јуве во подготовките за дуелот во Лига Европа со тимот на Фрајбург, кој се одигра синоќа, а на кој црно-белите славеа на домашен терен со 1:0.
29-годишниот Погба во Јувентус пристигна минатата година од Манчестер Јунајтед, но поради проблеми со повредите сезонава одигра само два натпревари.