Погба побара астрономска плата за да остане во Манчестер Јунајтед

Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, заедно со неговиот менаџер, Мино Рајола, наводно побарале од раководството на клубот тој да стане најплатен фудбалер на „Олд Трафорд“ ако сакаат да потпише нов договор.

Тоа би значело дека Погба бара повеќе од 480.000 фунти неделно, колку што сега заработува Кристијано Роналдо кој е најплатен фудбалер во Манчестер Јунајтед.

Договорот на францускиот репрезентативец со „црвените“ од Манчестер истекува ова лето и тој има приходи од 290.000 фунти неделно. Погба моментално е повреден и ќе биде надвор од терените до нова година. Ако нема договор до јануари тој ќе биде слободен да преговара и со други клубови.