Погба после 390 дена се врати на теренот, но повторно се повреди

Францускиот играч за врска во редовите на Јувентус, Пол Погба, после 390 дена повторно се врати на фудбалскиот терен во победата над Кремонезе во Серија А.

Меѓутоа, Погба веќе во 21.минута беше принуден да го напушти теренот поради повреда. 30-годишниот фудбалер го пропушти поголемиот дел од тековната сезона поради проблеми со коленото, и не учествуваше на Мундијалот во Катар.

Погба имаше кратко враќање на терените во февруари против тимот на Рома, но и тогаш многу брзо ја обнови повредата.

Прашање е дали поради бројните повреди францускиот репрезентативец ќе остане во Јувентус и наредната сезона, иако неговиот актуелен договор е со важност на уште три години.

На три кола пред крајот на сезоната на Јувентус му е потребен уште еден бод за да го завери пласманот во Лигата на шампионите.