Погба пред дилема и ултиматум во Јунајтед

Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, започна преговори со претставниците на Пол Погба за продолжување на соработката, пренесува денеска – „Скај Спорт“.

Французинот допрва треба да ја одработи последната сезона откако „црвените ѓаволи“ пред неколку месеци ја активираа клаузулата од договорот, но, тоа е условно.

Имено, доколку неговиот агент, Мино Раиола, не даде зелено светло за продолжување на соработката, тогаш англичаните веднаш ќе го стават Погба на трансфер листата во текот на летово.