Погба пресекол, заминува од „Олд трафорд“ ова лето

Пол Погба нема да остане во Манчестер Јунајтед. На Французинот му истекува договорот и се очекува на лето да го напушти „Олд Трафорд“, а претстојната разделба ја потврди и менаџерот на тимот Ралф Рангник.

„Во моментов ситуацијата е таква што Погба нема да го продолжи договорот. Веројатно нема да биде тука следната сезона“, изјави Рангник.

Германскиот стручњак изјави и дека Погба сигурно ќе го пропушти дербито со Арсенал и нема да биде изненадување доколку не учествува на ниту еден натпревар до крајот на кампањата.

29-годишниот Французин беше купен за 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, но не ги оправда големите очекувања. Оваа сезона често го мачат повреди, забележувајќи само 20 натпревари и еден гол во Премиер лигата.