Погба сака уште долго да игра за Јуве

Рафаел Пимента кој му е менаџер задолжен за трансфери на Пол
Погба, набрзо ќе има средба со раководството на Јувентус за да
издејствува продолжување на договорот кој ќе истече во 2025 година.
Францускиот фудбалер кој голем период се измачуваше со повреди,
веројатно ќе прифати намалување на платата само за да остане што
подолго во редовите на „старата дама“.
Погба се врати во Торино пред речиси една година но, одигра само
седум мечеви. Тој со оглед на малата минутажа отпадна од списокот
на Франција за претстојните мечеви.