Погба сепак оди на операција на коленото

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри соопшти дека Пол Погба одлучил да оди на операција на повреденото десно колено, два и пол месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Погба повредата ја заработи уште во јули, но тогаш тој се реши да не го оперира коленото со цел да ги зачува шансите да биде дел од репрезентацијата на Франција на Мундијалот во Катар.

 На почетокот од Август лекарите во Јувентус одлучија дека тој ќе продолжи со конзервативна терапија но истата не ги даде посакуваните резултати.

Пол Погба во летниот преоден рок се врати во Јувентус после шест години поминати во дресот на Манчестер Јунајтед.