Погба се враќа во Јувентус

Италијанскиот весник Газета дело Спорт тврди дека Пол Погба се договорил со Јувентус и се враќа во гигантот од Торино.

Според информациите, Погба со новиот договор ќе заработува годишна плата од 10 милиони евра, а ќе остане во Јувентус во наредните три години.

Погба наводно одбил продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед, бидејќи веќе подолг период посакува враќање во Јувентус каде претходно настапуваше од 2012 до 2016 година. Французинот од јуни е слободен играч и за него нема потреба од плаќање на обештетување.