Подвигот на Сетиен и Виљареал: Единствен двапати го совлада Реал сезонава
Фудбалерите на Виљареал приредија изненадување во Ла Лига откако вчера во Мадрид го победија Реал со 2-3. Тренерот на „жолтата подморница“, Кике Сетиен така направи вистински подвиг.
Виљареал го победи Реал и во првиот натпревар на својот стадион на 7 јануари, тогаш резултатот беше 2-1. Сетиен така стана единствениот тренер во Ла Лига кој сезонава освоил шест бода против „кралевите“.
Освен тоа Сетиен држи и уште еден интересен рекорд од сезоната 2018/2019. Тогаш тој стана единствениот тренер кој во една сезона ги победил Барселона и Реал Мадрид на гостински терен. Барселона со својот Бетис ја победи со 4-3, додека против Реал славеше со 2-0.
Сетиен очигледно знае како се игра против најголемите шпански клубови, Бетис успеа да го одведе во Европа, а сега со Виљареал е во борба за место во Лигата на шампионите.