Подобрен договор до 2024 година му нуди Барса на Мемфис Депај
Раководството на Барселона му понуди на Мемфис Депај подобри услови за да може да се потпише договорот што е можно побрзо и да се избегне повторување на случајот со Жоржињо Вајналдум.
Поранешниот играч за врска на Ливерпул се согласи со Каталонците, но потоа на сцена стапи ПСЖ, кој ја удвои понудата за него и со тоа успеа да го привлече Вајналдум.
Според Фабрицио Романо, договорот што му го понудиле на Депај од „Камп Ноу“ е на три години, а новинарот не ги откри финансиските параметри.
Во Барселона сакаат сè да биде потпишано пред да започне Евро 2020. Депај ќе стане четвртото ново засилување за Каталонците по Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон.