Подолски се враќа во клубот од својот роден град
Легендарниот германски напаѓач Лукас Подолски би можел да се врати во клубот од родниот град. Германскиот напаѓач доби неколку понуди, но една изгледа особено примамлива.
Според италијанскиот стручњак за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, Подолски е во преговори со Горник и наскоро би можел да стане нов член на полската прва лига.
Иако пристигнаа неколку интересни понуди од целиот свет, од Турција и Катар до Мексико и Бразил, тој сепак ја претпочита опцијата да се врати дома, а според последните информации, Горник само го чека неговиот конечен одговор.
Подолски во неколку наврати изјави дека на крајот од својата кариера би сакал да игра за Горник, чиј навивач е уште од дете.