Позитивен скор против Словенија, прво соочување со Швајцарија

епрезентацијата на Македонија во годинешното издание од Б конкуренцијата во Лигата на нации за противници ги има селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Против Шкотите во минатото сме одиграле четири средби. По победата од 1-0 во мечот одигран во Скопје во 2008 година, следуваат средби во кои бележиме два порази и еден нерешен резултат. Сите четири средби се играни во рамките на квалификациите за учество на Светскиот куп.
Со Словенците сме одиграле седум натпревари и во овие натпревари имаме позитивен биланс. Пет меча се пријателски, а оној од 1993 е најзначаен во нашата фудбалска историја бидејќи тоа првиот настап на нашиот национален тим во независна Македонија.
Сите го паметиме историскиот гол на Зоран Бошковски кој сега е дел од стручниот штаб на селекторот Гоце Седлоски.
Македонија во мечевите со Словенија има вкупно четири победи, два нерешени резултати и само еден пораз.
Елиф Елмас со три гола е најефикасниот играч во дуелите против Словенија и тие погодоци се постигнати на последните два меча додека капитенот Енис Барди беше стрелец на израмнувачкиот погодок на мечот во 2019 во Љубљана.
Против Швајцарија до сега не сме играле ниту еден натпревар и токму во ова издание од Лигата на нации ќе додадеме уште една земја на листата на национални тимови со кои сме сретнале на меѓународната сцена.
06.09.2008 – Квалификации за СП
Македонија – Шкотска 1:0
Илчо Наумоски 5
05.09.2009 – Квалификации за СП
Шкотска – Македонија 2:0
Скот Браун 56, Џејмс МекФаден 81
11.09.2012 – Квалификации за СП
Шкотска – Македонија 1:1
Кени Милер 43 – Николче Новески 11
10.09.2013 – Квалификации за СП
Македонија – Шкотска 1:2
Јован Костовски 84 – Икечи Ања 60, Шон Малони 89
13.10.1990 – Пријателски натпревар
Словенија – Македонија 1:4
Јанез Пате 40 – Зоран Бошковски 4, Дарко Панчев 37 (пен), Чедомир Јаневски 48 (пен), Драган Канатларовски 55
23.03.1994 – Пријателски натпревар
Македонија – Словенија 2:0
Жарко Серафимовски 2, Зоран Бошковски 20
14.11.2012 – Пријателски натпревар
Македонија – Словенија 3:2
Дарко Тасевски 27, Адис Јаховиќ 41, Агим Ибраими 51 – Нејц Печник 49, 64
23.03.2016 – Пријателски натпревар
Словенија – Македонија 1:0
Роман Безјак 58
24.03.2019 – Квалификации за ЕП
Словенија – Македонија 1:1
Миха Зајц 34 – Енис Барди 47
10.10.2019 – Квалификации за ЕП
Македонија – Словенија 2:1
Елиф Елмас 50, 68 – Јосип Иличиќ 90
01.06.2021 – Пријателски натпревар
Македонија – Словенија 1:1
Елиф Елмас 55 – Домен Чрнигој 90