Позната најдобрата петорка на руки играчи во НБА лигата

НБА ги објави имињата на копаркарите кои ја формираа најдобрата петорка на дебитанти за сезоната 2025/2026 година.

Купер Флег од Далас Маверикс, Кон Книпл од Шарлот Хорнетс, ВиЏеј Еџкомб од Филаделфија 76ерс, Дилан Харпер од Сан Антонио Спарс и Седрик Кауард од Мемфис Гризлис се избрани во тимот на дебитанти.

Флег претходно беше прогласен за најдобар руки во НБА пред Книпл. Двајцата и Еџкомб добија максимален број поени – 200 во изборот за најдобарот тим на дебитанти, Харпер имаше 193, а Кауард 125.

Дерик Куин и Џеремаја Фиерс од Њу Орлеанс Пеликанс, Максим Рејно од Сакраменто Кингс, Ејс Бејли од Јута Џез и Колин Мари-Бојлс од Торонто беа избрани во втората руки петорка.

Идеалните тимови ќе бидат објавени во недела, а најдобриот тренер во вторник.