Позната цената за Халанд и кој (не) може да го купи
Борусија Дортмунд подготви одговор за сите заинтересирани клубови кои ова лето ќе се обидат да го доведат Ерлинг Халанд.
ЕСПН дојде до сознанија дека Дортмунд ќе бара 180 милиони евра доколку некој сака да го доведе Халанд по крајот на оваа сезона.
Норвежанецот е желба на Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Јувентус, Челзи, па останува прашање кој би можел да го доведе за оваа сума.
По систем на елиминација, Барселона ги нема тие средства, исто и Јувентус, Реал Мадрид побрзо би го довел Мбапе, па можеби остануваат Челзи и Сити, секако доколку продадат некоја од своите ѕвезди.
Трката поради цената веројатно ќе биде „бавна“, веројатно клубовите ќе чекаат до 2022. година, кога ќе биде активна клаузулата од само 75 милиони евра.