Познати номинациите за спортист на годината

Националните спортски федерации се подготвуваат за изборот за спортист на 2025 година. Веќе се најавени најсериозните кандидати за престижните признанија кои ќе се доделуваат во неколку категории. Селекторот на машката ракометна репрезентација и на освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп со Алкалоид, Кире Лазаров е номиниран за тренер на годината. Негови протикандидати се: Магомед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), Дејан Митровски (кик-бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).
Во изборот за спортист на гоината се најдоа фудбалерот и капитен на македонскиот национален тим, Енис Барди, боксерот Ален Рустемовски, кик-боксерот Стефан Михајловски, атлелтичарот Андреас Трајковски, како и борачот Владимир Егоров. Кај дамите, во најтесната конкуренција влегоа Ангела Мојсовска (карате), Катерина Попева (фитнес и боди-билдинг), Александра Марковска (фудбал), Катерина Ацевска (џуи-џицу) и Сашка Колевска (спортски танци).
Во категоријата за најдобар млад спортист номиниран е ракометниот голман Иван Галевски, кој освои трофеј во ЕХФ Европскиот Куп, Никола Блажевски (спортско стрелаштво), Адријан Рустемовски (бокс), Лука Змејковски (кик бокс) и Бесир Алили (борење). Во категоријата за најдобра млада спортистка номинирани се Емилијана Ризоска (ракомет), Душица Бреслиева (карате), Марија Спирковска (борење), Марија Димовска (кик-бокс) и Даниела Алексовска (џиу-џицу).
Завршната церемонија е предвидена за 18 декември.