Познати паровите за плеј-офот на АБА лигата

Кошаркарите на Партизан издвојуваа убедлива победа над Задар од
113-74 во последниот натпревар од регуларниот дел во АБА лигата.
Домашниот тим го надигра противникот во сите четвртини со тоа што за издвојување се вториот и последниот период во кој избраниците на Обрадовиќ постигнаа 69 поени што доволно говори за НБА изданието што го имаа.
Шест играчи беа двоцифрени, а од нив лидер беше Аврамовиќ со 18
кошеви на кои придодаде 5 скока и 8 асистенции.
Дрежњак и Жганец со по 15 поени беа лидери кај гостите за кои
нашиот Адем Мекиќ за 6 минути на паркетот забележа 1 скок и 1
асистенција.
Паровите за четвртфиналната рунда се познати и оваа фаза ќе започне во сабота со дуелот Будуќност – Задар. Останатите двојки се Црвена Звезда – Студентски Центар, Мега – Цедевита Олимпија и Партизан – Игокеа.