Познати саатниците на македонските ракометарки за ЕП во ноември

Македонската женска ракометна репрезентација по подолга пауза повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување.
Нашата селекција на Европскиот шампионат што ќе се одржи кон крајот на годината и како еден од домаќините мечевите ќе ги игра во Скопје, а сите три натпревари почнуваат во ист термин во 18:00 часот.
Во првиот дуел на петти ноември се среќаваме со Франција, два дена подоцна противник ни е Холандија додека на во последното коло од првата фаза на деветти ќе се соочиме со Романија.
Почетокот на натпреварите во вечерниот термин во Скопје е закажан за 20:30 часот.
Сите три натпревари македонската репрезентација ќе ги игра во А1 арената Борис Трајковски.
Скопје ќе биде домаќин и на една од двете групи во Главната рунда, а овие мечеви се играат во периодот од 11 до 15 ноември додека завршницата и дуелите за медали ќе се игра во Љубљана.