Познати се групите од новата сезона во ракометната Лига на шампиони
На ждрепката која се одржа во Виена, Европската ракометна федерација ги одреди групите во Лигата на шампионите за наредната сезона. Како што е познато Македонија сезонава што следува нема да има свој претставник во ЛШ поради одлуката за исфрлање на Вардар 1961 од натпреварувањето. Единствен македонски претставник во ЛШ останува голманот на Порто, Никола Митревски.
Група А: ПСЖ, Магдебург, ГОГ Гудме, Порто, Динамо Букурешт, Веспрем, Висла Плок, ППД Загреб.
Група Б: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Киелце, Кил, Нант, Елверум, Алборг.
Новата сезона во најпрестижното ракометно натпреварување започнува на 15. и 16. септември.