Познати судиите за двомечот на кошаркарите на Македонија и Литванија
Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за наредните два натпревари од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година, односно натпреварите од групата Х во која е и нашиот сениорски национален тим.
На натпреварот од третото коло, Македонија – Литванија, кој се игра на 21 ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 18:00 часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Мануел Мазони (Италија), Мартин Хорозов (Бугарија), и Герт Јакобс (Белгија). Во улога на делегат е Хамит Турам од Турција.
На оној наредниот, закажан за 24 ноември (19:30 часот), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во градот Клаипеда, по вторпат против репрезентацијата на Литванија, како официјални лица-судии, ќе бидат: Мартинс Козловскис (Летонија), Николас Маестре (Летонија), и Карстен Штраубе (Германија), а делегат е Германецот Винфрид Гинтчел.