Познати 29 репрезентации кои обезбедија мундијалска виза

Бројот на учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува. Од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29.

Засега само две се од Европа, Франција и Англија. Вечерва, речиси сигурно ќе им се придружи и хрватската репрезентација, која математички со бод против Фраските острови ќе обебзеди пласман.

Засега, најмногу познати учесници доаѓаат од Африка, девет репрезентации и осум од Азија.

Да споменеме дека меѓу 29-те досега безбедни патници се и три дебитанти: Узбекистан, Јордан и Зелено’ртските Острови.

Извлекувањето на групите за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон.

Конечниот список на сите учесници на Светското првенство ќе биде познат дури на крајот на март следната година, кога се закажани дополнителни квалификации во Европа, од кои ќе произлезат последните четири патници.

Кој го обезбеди настапот?

Домаќини: САД, Мексико, Канада

Африка: Алжир, Зелено’ртските Острови, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Јужна Африка, Тунис

Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Узбекистан

Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Европа: Франција, Англија

Океанија: Нов Зеланд