Познато е зошто Донарума не го продолжува договорот со Милан

Џанлуиџи Донарума се уште не го потпишал продолжувањето на договорот со Милан. Иако неговиот агент Мино Раиола се труди од клубот да извлече поголема плата за него, сепак главната причина не се парите.
Донарума е во тесниот круг на најдобри голмани на светот, но се уште нема одиграно натпревар во Лигата на шампионите. Токму тоа натпреварување е и негова цел и со клубот нема да го продолжи договорот се додека не биде сигурен дека Милан наредната сезона ќе настапи во Лигата на шампионите.
Тоа го наведуваат италијанските медиуми и потсетуваат дека 22-годишниот чувар на мрежата игра за шест милиони евра по сезона, дека понудата на клубот беше продолжување со зголемување на платата за два милиони, а Раиола за својот клиент се обидува да осигура 10 милиони евра по сезона. Со потпис, во новиот договор би требало да има и откупна клаузула, а истиот би бил со важност до 2023. година.