Познато е кој НЕМА да биде тренер на Барселона идната сезона

Иако се појавија неколку информации дека Микел Артета е еден од кандидатите за клупата на Барселона, истите беа набрзо демантирани.
Рубен Уриа, новинар за францускиот портал Гол, кој минатото лето го пласираше интервјуто со Лионел Меси, од свои извори блиски до каталонскиот клуб открива дека Артета не е во плановите на ниту еден од претседателските кандидати.
Оваа вест ја пласираше новинарот Џерар Ромеро, своевремено еден од највлијателните извори, но очигледно е дека го загуби својот кредибилитет, бидејќи не е прв пат да пласира бомбастични информации кои не се ни блиску до вистината.
Засега, Роналд Куман останува тренер до крајот на сезоната, но во склад со резултатите, ќе биде донесена одлука за неговиот статус.
Едно е сигурно, Артета не е човекот кој ќе го замени Куман.