Познато кога почнуваат спринт трките во Формула 1!
Првиот домаќин на спринт квалификациите во шампионатот на Формула 1 ќе биде Велика Британија на стазата „Силверстоун“, потврдија организаторите.
Тркачкиот викенд во Британија ќе трае од 16. до 18. јули, а спринт квалификациите ќе се возат во сабота.
Управата на шампионатот едногласно го усвои новиот формат на натпреварувањето, кое годинава ќе се одржи на уште две дестинации.
Како можни домаќини се наведуваат „Монца“ за ГН на Италија, како и стазата „Интерлагос“ за Големата награда на Бразил.
Досегашните квалификации би се возеле во петок, после првиот слободен тренинг и ќе одлучуваат за пласманот во спринт квалификациите.
Најбрзиот возач во спринт квалификациите ќе добие три бода, второпласираниот два, а третиот ќе запише еден бод.
На викендот во Британија, според сегашните информации, ќе биде дозволено присуство на публика.