Познато од каде доаѓа новиот тренер на Челзи!

Челзи и понатаму е во длабока фудбалска и резултатска криза, а се поизвесно е дека Лампард ги брои последните денови на клупата на Стемфорд Бриџ.
Според пишувањата на медиумите, потрагата за нов тренер е веќе започната, се чини дека тој ќе биде од германско потекло, а се споменуваат имињата на Тухел, Рангник и Нагелсман.
Тухел моментално е без ангажман, откако заврши неговата епизода во ПСЖ. Тој веќе соработувал со Пулишиќ, а нема сомнеж дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд лесно ќе најде заеднички јазик и со Хаверц и Вернер.
Нагелсман и понатаму реди успеси во Лајпциг, на четири бода се од водечкиот Баерн, а ги чекаат и дуели со Ливерпул во Лигата на шампионите, па се чини дека Нагелсман е најтешка мета за клубот од Лондон.
Од друга страна, Рангник по шпекулациите за преземање на Милан остана во Лајпциг. Тој ја обавува функцијата директор за спорт и развој во Ред Бул компанијата, па прашање е колку е заинтересиран за враќање покрај аут-линијата.
Јасно е дека големата мотивација за промена е во тоа најголемите две засилувања, Хаверц и Вернер конечно да проработат.