Познат добитникот на Златната топка?

Твитер објава на социјалните мрежи во која се тврди дека Роберт Левандовски ја освоил Златната топка во 2021 година предизвика огромен интерес кај љубителите на фудбалот.

 Во Твитер објавата стои фотографија од рангирањето или гласањето за Франс Фудбал, но не е познато дали истата е автентична.

На фотографијата се гледа дека пред името на напаѓачот на Баерн се запишани 627 поени. Второ име на листата е Лионел Меси но кај него не се гледаат бројките со поени, а трет е Карим Бензема со 526 поени.