Познат периодот на отсуство на Киеза во Јувентус
Италијанскиот фудбалски гигант ја објави информацијата дека напаѓачот на екипата Федерико Киеза е успешно опериран и дека ќе биде надвор од тимот следните седум месеци.
Киеза се здоби со тешка повреда во која ги оштети вкрстените лигаменти во коленото на првенствениот натпревар против екипата на Рома кој се одржа на 9.јануари.
Ова фактички е потврда дека италијанскиот репрезентативец ќе го пропушти остатокот од сезоната, но од клубот се сигурни дека тој ќе биде фит за стартот на новата кампања.
Киеза сезоната ја заврши со одиграни 18 натпревари во кои постигна 4 гола и 4 асистенции.