Покетино го избра составот со кој ќе ја нападне Барселона

Експедицијата на Париз Сен Жермен денеска пристигнува во Барселона, против која во вторник го игра првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Маурисио Покетино го соопшти списокот на играчи, а најважната вест беше најавена во текот на викендот, Марко Верати се опорави и се враќа во тимот.
Надвор од конкуренција се повредените Нејмар и Ди Марија, Хуан Бернат веќе подолго време е на пауза поради повреда на лигаментите на коленото.
Натпреварот е на програмата во вторник со почеток во 21. часот, а реваншот е на 10. март во Париз.